Горан Мауровски (34) е назначен за нов генерален директор на ДГ „Бетон“ АД Скопје, каде што досега беше директор на секторот за контрола и известувања.

Мауровски е основач и сопственик на три компании, едната во областа на градежништвото, другата е во областа производство, а третата се занимава со трговија. Од почетокот на 2016 година е назначен за член на надзорниот одбор на ФАКОМ. По успешното раководење во неговите компании, минатата година доби покана и се придружи во тимот на една од најголемите и најуспешни градежни компании во Македонија и регионот, „Бетон“.

Основана во 1947 година, „Бетон“ АД Скопје денес претставува современа, технолошки опремена градежна компанија, со богато искуство и голем број референции во сите сегменти на градежништвото на домашниот и на странскиот пазар. Со својот стручен тим и современа опрема, компанијата е подготвена да одговори на предизвиците на модерната архитектура и на современите градежни оперативни зафати.

„Бетон“ АД Скопје во рамките на своето повеќедецениско искуство е докажана компанија во реализацијата на градежни работи од областа на високоградбата (административни, станбени објекти), нискоградбата (патишта, мостови, тунели) и хидроградбата (брани, хидросистеми). Покрај градилиштата, компанијата располага и со производствени капацитети – погон за механизација, со голем број машини и возила, бетонска и асфалтна база.

Во рамките на многубројните успешни градежни проекти на компанијата се вбројуваат Градскиот стадион во Скопје, хотелот „Александар палас“, Судската палата, автопатот Миладиновци – Штип, Автопатот Е-75, ХЕЦ „Света Петка“ и други.