Основачот на Тесла Илон Маск денеска најави дека компанијата специјализирана за производство на електрични автомобили ќе биде профитабилна во третиот и четвртиот квартал од годината, и веќе нема да има потреба да бара дополнителни инвеститори.

Ветувањето на Маск ја покачи вредноста на акциите на Тесла за 3,2 проценти.

Компанијата со години се соочува со критики за нејзината непрофитабилност и неодржливост, а особено по неодамнешниот смртен случај при тестирање на нејзиниот систем за самоуправувачки возила.

Маск ја отфрли проценката на списанието Економист дека на Тесла ќе и бидат потребни меѓу две и пол и три милијарди долари во текот на годинава, за да ги покрие трошоците на производството и технолошкиот развој.