Европскиот институт за статистика (Евростат), објави дека индустриското производство во Европската унија и евро зоната забележа пад од 0,4 отсто односно од 0,7 проценти во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец.

Во мај 2018 година индустриското производство пораснало за 1,4 отсто во евро зоната и 1,3 проценти во ЕУ.

– На годишно ниво производството е во подем. Ако се спореди јуни 2018 со јуни 2017 година, индустриското производство пораснало за 2,5 отсто во евро зоната и 2,6 отсто во ЕУ, се наведува во соопштението на Евростат.

Најголем месечен пад по земја се забележани во Ирска, во Холандија и во Унгарија, додека производството пораснало во Хрватска за 4,5 отсто, како и во Романија, во Чешка и во Финска.

На годишно ниво пак, најголем раст на индустриско производство бележат Ирска, Романија, Чешка и Полска.