Компанијата „Макстил“ ги демантира гласините што се појавија денеска според кои загадувањето на Вардар доаѓа од кругот на поранешна Железара.

Од „Макстил“ вечерва преку соопштение информираа дека по информациите за загадување на Вардар со отпадни води, нивни екипи задолжени за заштита на животната средина веднаш излегле на терен и земени се мостри од влезната и излезната точка на индустриската вода.

– Истите се предадени на овластени надворешни лаборатории за испитување, меѓутоа првичните резултати покажуваат дека водата на влез и на излез од „Макстил“ е бистра и без видливи примеси. Веднаш штом ќе ги добиеме резултатите од извршените мерења од акредитираните лаборатории, ќе ја информираме јавноста за истите – стои во соопштението од „Макстил“.