Трета година по ред Еуролинк осигурување ја организира бесплатната пливачка школа за деца на возраст од 8 до 12 години. Oд минатогодишното позитивно искуство, каде што пливачката школа беше организирана во три града во Македонија, оваа година Еуролинк одлучи школата да ја реализира во следниве градови: Скопје, Струмица и Кавадарци, под раководство на тимот на проф. Наташа Мешковска.

Часовите ќе се реализираат по програмата преземена од УССВИМ (Американска програма за обука на деца непливачи), која гарантира дека за 8 до 10 часа секое дете ќе ги совлада основните техники по пливање. Оваа година школите се адаптирани и за деца со оштетен слух и вид, како и за деца со Даунов синдром.

Пријавувањето за летните пливачки школи ќе се одвива по следниот распоред:Скопје од 11.6.2018 до 17.6.2018 година, Струмица од 22.6.2018 до 29.6.2018 година,
Кавадарци од 2.7.2018 до 8.7.2018 година.

Летната пливачка школа во Скопје ќе се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Првиот час ќе започне на 20.6.2018 и ќе трае до 29.6.2018.Часовите ќе започнуваат секој ден од 11:00 часот, а за време на викендите од 14 до 15 часот.
Во Струмица летната школа ќе започне од 2.7.2018 и ќе трае до 9.7.2018, секој ден од 09:00 часот. Часовите ќе се оддржуваат во „Базен Хотел Сириус“.
И во Кавадарци децата ќе пливаат на градскиот базен почнувајќи од 10.7.2018 до 17.7.2018, секој ден од 10 часот.

Родителите може да ги пријават своите деца со испраќање порака на следната електронска адреса: [email protected] со испраќање на податоци за детето: име и презиме, возраст, висина, тежина, име и презиме на родителот, контакт-телефон на родителот. Селекцијата на пријавените кандидати за Скопје, Струмица и за Кавадарци ќе се одржи на првиот час и ќе ја врши стручен тим под раководство на проф. Наташа Мешковска, кој ќе избере 50 деца за учество во пливачката школа во Скопје и по 40 деца за учество во пливачките школи во Струмица и во Кавадарци. Критериумот за селекција е секое пријавено дете да може да исплива 25 метри, со помош на пливачко помагало – пловка.

На избраните кандидати ќе им бидат обезбедени пешкири, капи и пливачки помагала. Останатиот дел од опремата, како костими за капење, очила за пливање и папучи, родителите ќе треба сами да го набават, задолжително во сина боја.

Летната пливачка школа на Еуролинк осигурување е активност во рамките на платформата за Корпоративно општествена одговорност: „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и на уметноста во Република Македонија.