Извршени се контроли кај 60 фирми кои добиле државни субвенции за плати во април, мај, јуни и октомври, ноември и во декември, а не ја исплатиле платата на работниците, истакна Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП).

Кај 16 фирми е утврдено дека не го исполниле условот за финансиска поддршка бидејќи приходот не бил намален за 30 отсто во месеците кога е користена помошта. Седум фирми го намалиле бројот на бројот на вработени од законскиот, а две не ги исполниле и двата услова за субвенции, според Лукаревска, која додаде оти само едена фирма ја вратила финансиската помош, бидејќи не ги исполнил условите за нејзино добивање, додека други две треба да ги вратат парите со камата.

– Сите прекршители на законот ќе бидат санкционирани, а дел од нив веќе се дадени на натамошно постапување во јавното обвинителство за организиран криминал и корупција – категорична е Лукаревска, која најави контроли на 11 фирми од текстилната и чевларската индустрија, како и кај фирми кои се занимаваат со продажба на кондиторски производи.

Таа додаде и дека финансиската полиција ќе влезе во две фирми чии работодавачи не соработувале со инспекторите.

Неколку месеци наназад, синдикалните организации алармираа за фирми кои не им исплатиле плата на работниците, а земале помош од државата.