Проектната единица формирана во Министерството за транспорт и врски ќе го спроведува проектот за изградба и санација на локални патишта и улици финансиран со 70 милиони евра од Светска банка. Општините треба да достават проекти до тимот на единица формирана по барање од Светска банка, кои врз основа на утврдените критериуми ќе ги одобрува или враќа. Првите тендери се очекуваат месецов, а градежните работи се планираат на почетокот на градежната сезона, информира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, најави дека за една недела треба да пристигнат проектите за рехабилитација на 19 патишта низ цела држава со програмата од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Во постојана соработка се со сите општини и во програмата за работа ги ставаат барањата за изградба и санација на патишта, мостови, свлечишта.