Отворен е детскиот ликовен конкурс на „Ладна“ на тема „Мојата омилена
игра надвор“

Започна шестиот последователен детски ликовен конкурс на „Ладна“ на тема „Мојата омилена игра надвор“. Најдобрите и најкреативните дела ќе бидат наградени, а главната награда е тридневно патување во магичниот Дизниленд во Париз.

– Целта на овој ликовен конкурс е поттикнување на креативноста кај децата, поттикнување на интересот за ликовната уметност, важноста за другарување и играње надвор, како и подигнување на свеста за значењето на водата и природата – велат од „Ладна“.

Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години и 2) деца на возраст од 7 до 10 години. Кога се работи за цртежите, нема ограничувања – тие може да бидат во било која техника. Стручното жири ќе одбере по три најдобри дела во секоја категорија, за кои „Ладна“ обезбеди супер награди:

Прво место – две тридневни патувања во Дизниленд во Париз
Второ место – два годишни курсеви за цртање
Трето место – два таблети за цртање

Цртежите заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и
телефонски број) треба да се испратат на адреса ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје, со назнака:
„За Ладна ликовен конкурс“, најдоцна до 6.5.2020.

Сите информации се објавени на веб-сајтот и на фејсбук-страницата на „Ладна“.