Вредноста на криптовалутата биткоин за првпат ја надмина границата од 20.000 долари, 12 години откако постои. Вредноста пораснала за седум отсто, достигнувајќи 21.000 долари.

Вредноста на биткоин годинава се зголеми за повеќе од 170 отсто, и покрај тоа што во првите месеци не се чинеше дека ќе биде така. Во февруари и март вредноста опадна за 50 отсто, на 4.895 долари, а по стабилизирањето се зголеми на околу 10.000 долари.

Биткоин првпат се доближи до вредноста од 20.000 долари кон крајот на 2017 година, по што почна да паѓа и дојде на 3.000 долари.