Вкупно 226 лица го загубија статусот на милијардер во првата половина на март, како резултат на економскaта криза предизвикана од пандемијата, пренесува „Форбс”.

Џеф Безос е на врвот на листата на најбогати луѓе на светот веќе трета година едноподруго, со богатство кое изнесува 113 милијарди долари, но тој, исто така, забележа загуба од 18 милијарди американски долари во однос на минатата година. Тоа во најголема мера се должи на разводот од неговата поранешна сопруга, но акциите на неговиот „Амазон“ забележаа раст од 15 проценти.

Коосновачот на „Мајкрософт”, Бил Гејтс и натаму е  на второто место со богатство од 98 милијарди долари, што е за 1,5 милијарди американски долари повеќе од минатата година.

Вкупно 2.095 милијардери „тежат“ околу осум трилиони долари, што е намалување од 700 милијарди долари во однос на минатата година.