Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ го обвинува Управниот одбор за пропаѓањето на банката.

Тој на денешната прес-конференција, заедно со неговиот син најавија дека правдата ќе ја бараат надвор од земјава.

– Ќе одиме пред сè во арбитража, каде што доколку го добиеме спорот што ќе го отвориме понатаму, средствата ќе бидат наменети за нашите коминтенти – најави Коста Костовски.

Трифун Костовски ситуацијата ја опиша како кога „за кило месо, убиваш вол“.

– Нашата вина ја лоцираме во изборот на Управниот одбор, не пренесоа жедни преку вода, нè наместија – рече Костовски.

– А какви можеме да бидеме на пазарот, кога една година сме комплетно блокирани да работиме со правни и приватни лица. Преку ‘Еуростандард’ и така блокирана, 26 отсто од вкупниот платен промет се одвиваше преку таа банка заедно со Македонски пошти – рече Костовски во изјавата за медиумите.