Фото: Игор Бансколиев

Како што сѐ повеќе граѓани се приспособуваат и ја прифаќаат употребата на дигиталните финансиски услуги, квалитетот на овие услуги, од безбедност до функционалност, ќе стане една од главните конкурентни предности на финансискиот пазар. Ова ќе создава позитивна динамика на пазарот, финансиските институции ќе влезат во дигитална кондиција, а граѓаните, компаниите и другите институции ќе добијат подобри и попристапни финансиски услуги

Финансискиот сектор, кој е суштински столб на секоја економија, се соочува со проблеми предизвикани од епидемијата на коронавирусот. Секторите силно се погодени од преземените мерки против ширењето на коронавирусот. Филијалите и канцелариите на финансиските институции во моментов работат со посебни услови поради безбедносни причини, а личните контакти помеѓу финансиските работници и клиентите се сведени на минимум. Голем дел од финансискиот сектор работи привремено од дома, со што финансиските институции се соочуваат со нови административни предизвици. Добро воспоставените, најчесто процеси на хартија, веќе не можат да се користат во целост. За подолг период, многу услуги ќе бидат достапни исклучиво преку интернет.
Се очекува финансискиот сектор да ја одигра својата улога за стабилизирање на економската состојба од оваа криза. Модели за динамично финансирање, одложувањето на отплатата на ратите, како и спроведување дополнителни мерки за поддршка и стабилизација од страна на Владата, ќе бидат имплементирани во наредниот период преку финансиските институции, пред сè, банките.

Покрај тоа, на граѓаните и на деловните субјекти сè уште им е потребна редовна финансиска поддршка во овие тешки времиња. Работата на филијалите и на канцелариите е приспособена на соодветни мерки за здравствена заштита. Овој нов пристап мора да ги земе предвид потребите за давање предност на потрошувачите од сите сегменти, вклучувајќи ја и постарата популација, која е почувствителна на ковид-19, а е помалку расположена за прифаќање на дигиталните канали.
Имено, финансиските институции веќе остварија значителен напредок во дигитална смисла, така што производите и услугите до клиентите се веќе достапни преку интернет, и повеќето од нив вршат трансакции преку интернет. Во наредниот период, финансиските институции ќе се обидат да ги дигитализираат сите свои активности и лесно да обезбедат дигитален пристап до сите производи и услуги, бидејќи потребата од итна дигитална трансформација, особено во финансиските институции, станува сѐ повеќе од потребна во тековната состојба.

Може да се претпостави дека финансиските институции ќе ги охрабруваат клиентите за користење дигитални и други виртуелни канали секојпат кога се во состојба. Притоа е важно за граѓаните да се обезбеди квалитетна безбедност на мрежните услуги, едноставно користење на веб-содржините, како и квалитетна поддршка на секој клиент со упатство за лесна употреба.
Во нормални услови многу граѓани немаат доверба во новиот вид деловна активноста и имаат тешкотии да се префрлат на дигитална работа. Тоа е поради тоа што поминуваат низ процес на учење бидејќи усвојуваат дигитални алатки, за што првично се бара дополнително време и концентрација.

Во сегашното опкружување, финансиските институции ќе направат дополнителни напори за да им овозможат на клиентите да се преселат во дигиталниот бизнис, без разлика дали преку едноставна комуникација, едукација од далечина или финансиски совети, а сето тоа за да оставаат позитивен впечаток на клиентите во текот на целиот процес. Справувајќи се со новите потреби на клиентите, додека истовремено ја подобрува сопствената деловна ефикасност, финансискиот сектор може да биде стабилизирачка сила во ова променливо и неизвесно опкружување.

Покрај тоа, како што сѐ повеќе клиенти се приспособуваат и ја прифаќаат употребата на дигиталните финансиски услуги, квалитетот на овие услуги, од безбедност до функционалност, ќе стане една од главните конкурентни предности на финансискиот пазар. Ова ќе создаде позитивна динамика на пазарот, а граѓаните, компаниите и другите институции ќе добијат подобри и попристапни финансиски услуги. (новац.хр)