Бислимовски информираше дека пристигнало првото барање од компаниите за зголемување на струјата при што ЕВН-Електродистрибуција побарала зголемување на цената на струјата од 100 отсто, поради големите загуби во мрежа и високите берзански цени на струјата

Се уште не е утврдена новата цена на струјата, која треба да стапи на сила после Нова година.
Регулаторна комисија за енергетика (РЕК) во текот на наредната недела ќе одлучува по барањата на енергетските компании, што и колку ќе прифати.
Останува отворено и прашањето и дали следната година се уште ќе има дневна евтина тарифа.

Марко Бислимовски, претседател на РЕК објаснува дека тоа ќе зависи од повеќе фактори и допрва ќе се анализира дали ќе се укине или не, со цел да нема дополнителен ценовен шок за домаќинствата.

Од Регулаторна комисија за енергетика (РЕК) велат дека цената на електричната енергија се определува врз основана правилници и методологии коишто ги има донесено РКЕ и се применуваат.
Оттаму додаваат дека цената ќе ја определат врз основа на податоци доставени од компаниите кој ќе ги разгледаат и ќе донесат одлука.

Бислимовски информираше дека пристигнало првото барање од компаниите за зголемување на струјата при што ЕВН-Електродистрибуција побарала зголемување на цената на струјата од 100 отсто, поради големите загуби во мрежа и високите берзански цени на струјата.

 

– Тоа би значело 34 отсто зголемување на крајната сметка за струја. Се очекува да пристигне и барањето од МЕПСО, кои веќе најавија дека нивните пресметки покажуваат 60 отсто поголеми трошоци, што би значело дополнителни зголемување од 4 отсто на крајната сметка- изјави Бислимовски.
Цената на струјата ќе се знае до крајот на месецот кога барања ќе достават и МЕПСО и ЕВН Хоум.

Тој нагласи дека е јасно оти до 31 декември ќе нема рестрикции и промена на цената на електричната енергија од една едноставна причина, бидејќи определувањето на цената на електричната енергија „не е лицитација, не е желботека”, туку се врши врз основа на правилници и методологии.

Владата веќе се подготвува за поскапувањето. Планираат да ги помагаат најсиромашните 45.000 семејства со по 1.000 денари месечно.

Македонија западна во енергетска криза откако се намали домашното прозиводство на едвај 50 отсто од потребите, а остатокот се надополнува со купување од светските берзи, на кои веќе еден мегаватчас се продава над 350 евра.
Во очекување на набавката на јаглед за РЕК Битола, за спас од енергетската криза државата во функција од денеска пробно го активира и ТЕЦ Неготино, кој 12 години беше ладната резерва во системот.