Работењето од дома, кое го искусија многу работници и работодавци има свои предности, но и маани.
Ангел Димитров, претседател на собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија вели дека прашањата што е потребно да се доуредат кај работењето од дома се работното време, дали тоа ќе биде фиксно или варијабилно, прашањето за евентуалната прекувремена работа, средствата и опремата што ќе се користат при работата, безбедните услови за работа, комуникацијата со другите вработени во компанијата, мерење на ефектот на работникот и други прашања што се појавија во практиката.

– Може да се каже дека работата од дома или од далечина има свои предности и слабости. Како предности се избегнување на патувањето на работникот до работа и од работа, можноста за флексибилно работно време, можноста за контрола на домот и децата и поголема слобода на работникот. Како слабости можат да се наведат отежнатата соработка со колегите, неможноста за директен контакт со странките, отежната контрола од страна на претпоставените и мерење на ефектот на работникот – посочува Димитров.

Истражувањето за предностите и слабостите на работењето од дома, како и за тоа какви се искуствата кај домашните компании и бизнис-секторот прочитајте го во утрешниот број на „Нова Македонија“.