Педесет и пет најголеми американски корпорации, вклучувајќи ги и „Најки“ и „Федекс“, не платиле данок на доход за повеќе од 40 милијарди долари профит минатата година, според Институтот за оданочување и економска политика (ИТЕП)

Студијата на Институтот за оданочување и економска политика (ИТЕП) покажува дека избегнувањето на данокот на претпријатијата од најистакнатите американски корпорации се чини дека е производ на долготрајни даночни отстапки. Законот за даночни намалувања и вработувања во 2017 година (ТЦЏА) и Законот за економска обнова од пандемијата (КАРЕС), донесен во 2020 година, ги проширија даночните олеснувања.
Во декември 2017 година, Законот за даночни намалување на претседателот Доналд Трамп ја намали стапката на данок на добивка од 35 на 21 отсто, додека КАРЕС дозволува „враќање“ на загубите од 2018 или 2019 година преку намалување на даноците во 2020 година со олеснување. Вкупно 55 корпорации требаше да платат заедно 8,5 милијарди долари за годинава.
– Вкупните даночни олеснувања за корпорациите за 2020 година, вклучувајќи 8,5 милијарди американски долари од избегнување данок и 3,5 милијарди долари во олеснувања, достигнуваат 12 милијарди долари – наведуваат авторите на студијата, Метју Гарднер и Стив Вамхоф.

Откритијата на ИТЕП го истакнуваат поволното даночно опкружување за големите бизниси откако Трамп ги намали даноците. „Најки“ воопшто не плати федерален данок на доход на речиси 2,9 милијарди долари од неданочените приходи во САД минатата година. Наместо тоа, тој доби даночно намалување од 109 милиони долари.
Според извештајот, дваесет и шест корпорации, вклучувајќи ги и „Најки“, „Федекс“ и „Диш нетворк“, не платиле федерален данок на доход од 2017 година.
Претседателот Бајден повика на поголема стапка на данок на добивка за финансирање на неговиот пакет инвестиции во инфраструктурата, како и повисок минимален данок на доход заработен од американски компании во странство. Пред новинарите на 2 април, Бајден порача дека „ќе побара од корпоративната Америка да го плати својот удел“.

„Амазон“ стана првата компанија што го одобри зголемувањето на данокот на компании на Бајден. Тие немаат платено федерален данок на доход во 2017 или 2018 година, додека за 2019 година имаат уплатено само 162 милиони долари. За 2020 година, компанијата плати 1,835 милијарди долари, со ефективна стапка од 9,4 проценти, според ИТЕП. Џеф Безос, извршен директор и основач на компанијата и најбогат човек на светот, го нарече планот на Бајден „храбра инвестиција во американската инфраструктура“.