НЛБ Банка воведе можност за аплицирање за Клик кредитот преку НЛБ Клик – електронското банкарство. Досега клиентите имаа можност да аплицираат за Клик кредитот единствено преку НЛБ мКлик – мобилното банкарство, а отсега, во насока на поголема достапност на услугите, за сите клиенти на Банката, ќе биде достапен и преку НЛБ Клик – електронското банкарство.

Имено, опцијата за аплицирање за Клик кредитите е достапна преку НЛБ Клик – електронското банкарство за клиентите кои имаат привилегија за електронско потпишување со мТокен (софтверски уред) или Токен (хардверскиот ОТП уред).

Услов за користење на кредит е клиентите да се приматели на плата или пензија во НЛБ
Банка. Целиот процес е дигитализиран и автоматизиран, без потреба од посета на експозитура и дополнителна документација. По одобрувањето на барањето за кредит, средствата од кредитот се исплаќаат веднаш, директно на трансакциската сметка на клиентите.

Исто така, покрај овој новитет, електронското банкарство се проширува и со други функционалности. Отсега клиентите ќе можат да извршат електронско ажурирање на личните податоци и преку електронското банкарство, услуга која досега беше достапна само преку мобилното банкарство и веб страницата на Банката.

Од Банката велат дека дигитализацијата и во иднина ќе продолжи да биде една од нивните стратешки определби и во таа насока и понатаму ќе продолжат да работат на поголема достапност, поедноставување на банкарските услуги и софистицирано корисничко искуство скроено според потребите и барањата на клиентите.

Повеќе информации за мКлик кредитот се достапни на линкот кој можете да го отворите тука.