„Хуавеј“ ќе инвестира 200 милиони евра во првата фаза од изградбата на фабрика за производство на базни станици, што ќе значи и отворање на 500 нови работни места.Според претседателот на компанијата, Лианг Хуа, „Хуавеј“ во Франција ќе го изгради својот прв производствен погон во Европа.

– Фабриката ќе го снабдува целиот европски пазар, не само Франција – рече Лианг.

Се очекува новата 5G-технологија за мобилни мрежи да создаде услови за значително побрз пренос на податоци. Во моментов не е познато дали таквата одлука добила „зелено светло“ од францускиот претседател Емануел Макрон, кој сака да донесе што повеќе странски инвеститори во Франција, но исто така и во неколку наврати предупредуваше на кинеското навлегување во економијата на ЕУ.