Љубителите на фудбалот можат значително да заштедат на летовите до Доха и да добијат билети за натпреварите.

ДОХА, Катар – „Катар Ервејс“ започна возбудлива промоција на летови до Доха како официјален авиокомпаниски партнер на Светското клупско првенство на ФИФА – Катар 2019.

Наградуваната авиокомпанија најави неверојатни понуди за билети за летови во економска и бизнис класа, како и пакети од дестинации низ целиот свет до Доха.

Клиентите на „Катар Ервејс“ можат да заштедат до 35% во економска класа и 25% во бизнис класа и да добијат билети за натпревари за да ги видат ѕвездите на светскиот фудбал во акција на Светското клупско првенство на ФИФА – Катар 2019ТМ од 11 до 21 декември. Патниците, исто така, можат да резервираат одлични пакети преку „Откријте го Катар“ кои вклучуваат хотелски и аеродромски трансфери.

Со важечки правила и услови

Резервирајте до 8 ноември и патувајте до 30 декември 2019 година.

Дознајте повеќе на следниот линк. Патниците кои веќе го резервирале своето патување се поканети да го продолжат одморот со посета на Доха, да добијат билети за натпревар за да уживаат светски фудбал и да ги видат културните знаменитости на Катар.

За повеќе информации, посетете ја интернет-страницата на „Катар ервејс“.

„Катар Ервејс“ започна глобална ТВ кампања за поддршка на оваа извонредна понуда за патувања под наслов „Нека Катар биде вашата цел“. ТВ-кампањата може да ја видите во следното видео.

Главниот извршен директор на групата „Катар Ервејс“, Неговата екселенција, г. Акбар Ал Бакер, рече „Задоволство ни е да им ги претставиме на фановите овие неверојатни понуди да го посетат Катар и да бидат дел од Светското клупско првенство на ФИФА – Катар 2019. Посветени сме да ги инспирираме нашите патници да дојдат и да откријат што има Катар да понуди, на и надвор од фудбалскиот терен.

„Како авиокомпанија, цврсто веруваме во моќта на спортот да ги обедини луѓето и со нетрпение очекуваме да собереме илјадници страствени навивачи во Катар да уживаат во светски фудбал заедно со гостопримството и организацијата заслужни за пет ѕвезди. Светското клупско првенство на ФИФА – Катар 2019 ќе послужи како возбудлива најава на најголемиот настан во светскиот фудбал, Светското првенство на ФИФА – Катар 2022, што ќе се оддржи за нешто повеќе од три години“.

Претставувајќи ги шесте континентални клупски шампиони од целиот свет, заедно со шампионот на Лигата на ѕвезди на Катар, Клубот Ал Сад, акцијата на Светското клупско првенство на ФИФА – Катар 2019 ќе започне на 11 декември, со кулминација во финалето на 21 декември. Владејачкиот европски шампион ФК Ливерпул ја започнува својата кампања на 18 декември, по повод одбележувањето на инаугурацијата на Градскиот стадион – Едукација, најновиот стадион за Светското првенство на ФИФА – Катар 2022, кој треба да се заврши во текот на следните три години пред финалето на светското првенство. За повеќе информации за продажба на билети за поединечни натпревари, посетете ја страницата www.fifa.com/tickets.

„Катар Ервејс“ неодамна беше прогласена за „Авиокомпанија на годината“ по петти пат од организацијата на Светските награди за авиокомпании 2019 година, управувана од меѓународната организација за рејтинг на воздушниот сообраќај „Скајтракс“. Беше прогласена и за „Најдобра бизнис класа“ во светот, „Најдобро седиште во бизнис класа“ и „Најдобра авиокомпанија на Блискиот исток“.

Националниот превозник за државата Катар моментно управува со модерна флота со повеќе од 250 авиони преку својот центар, Меѓународниот аеродром Хамад (ХИА) до повеќе од 160 дестинации низ целиот свет. Авиокомпанијата промовираше низа возбудливи нови дестинации во 2019 година, вклучувајќи го и Лисабон, Португалија; Малта; Рабат, Мароко; Давао, Филипините; Измир, Турција; Могадишу, Сомалија и минатата недела Лангкави, Малезија. Габорон, Боцвана ќе биде додадена во растечката мрежа на авиокомпанијата подоцна оваа година.