Со вклучени сирени во знак на револт камионџиите излегоа на протест со своите товарни возила низ центарот на Скопје за да испратат порака до надлежните да се повлече одлуката за зголемувањето на акцизата за 3 денари на горивата. Воедно тие бараат и да се воведе прогресивно оданочување што според нив ќе помогне да се спаси овој бизнис.

Протесот како што најави организаторот од групацијата на транспортни превозници „Макамтранс“ е во согласност со препораките за заштита од коронавирусот. Возачите на камионите се излоирани во своите возила, не застануваат по патот и се движат по определната маршута од Скопски саем до Владата. По патот нема застанување и собирање на луѓе, а превозниците се движат по една лента за да не предизвикаат застој во сообраќајот.

Спроред организаторот на протесот се излезени околу 150 камионџии од целата држава. Велат оваа гласот го креваат поради тоа поскапата акциза е погубна за фирмите кои и претходно биле на дополнителен удар. Затоа тие предлгаат проглесивно оданочување за сите стопански субјекти и тоа 0,5 проценти данок на доход за фирмите кои имале добивка од 100.000 до 10.000.000 денари, 1% за тие со добивка од 10.000.001 до 200.000.000 денари и 2% данок на доход за сите кои оствариле добивка за 2019 година над 200.000.001 денари.