Фото: Дарко Андоновски

Од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија, барем кога станува збор за наредните неколку дена, ја потврдуваат оваа прогноза. Оттаму посочуваат дека во земјава деновиве ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец и дека продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Денес и утре, на одредени места, се очекуваат зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.

Инаку, според најавите на прогнозерите од „Акуведер“, релативно мирната зима што се очекува на Балканскиот Полуостров би можела да биде проследена и со суша.

– Овој регион може да има долги, суви, топли периоди, проследени со невреме во траење од една недела, а потоа може да се врати периодот на сувост, кој ќе трае две или три недели. Ова ќе донесе оскудна сезона со снег на планините – објаснува метеорологот Тајлер Ројс.

Во некои области, според него, температурите во текот на првата половина од зимата ќе бидат над просекот.

Што се однесува до Британија и Скандинавија, таму се очекува зголемена активност од сезонски ветришта, кои ќе бидат и главен фактор во временските услови на Стариот Континент. Притоа првиот дел од зимата ќе има ветровито и дождливо време, кое ќе биде особено изразено во Велика Британија и во Скандинавија. Во почетокот на 2020 година се очекува влошување на времето, но не и толку силно невреме како минатата зима.

– Влошување на времето и посилни ветришта може да се очекуваат во почетокот на 2020 година, кога ќе има поголемо заладување – вели метеорологот Ројс.
Тој додава дека невремињата може да се појават едноподруго за кратко време, со што се зголемува ризикот од поплави или штети од ветришта.

Балканот и Италија зимава ќе имаат топло и суво време, додека пад на температурите и почести ветришта порано од очекуваното ќе ги погодат Велика Британија и Скандинавија. Според оваа прогноза на американскиот метеоролошки сервис „Акуведер“ за претстојната зима во Европа, може да очекуваме мирен период, со претежно суво и натпросечно топло време и само со повремени дестабилизации