Владата на денешната редовна седница ја усвои информацијата за потреба од итна санација на армирано-бетонски мост на пругата Велес – Гевгелија во близина на античкиот локалитет Стоби.

Владата ги задолжи министерствата за финансии и за транспорт и врски да предложат можни решенија за изнаоѓање финансиски средства потребни за санацијата на мостот, а ЈП Македонски железници Инфратруктура да почне итна постапката за реализација на санацијата на носечките столбови на мостот над Црна Река на вливот во Вардар во близина на Стоби.

Еден од столбовите на железничкиот мост помеѓу станицата Градско и крстосницата Кукуречани беше оштетен на почетокот на месецов поради надојдените води на Црна Река, по што целосно беше забранет железничкиот сообраќај на Коридорот 10 на потегот од Велес кон Гевгелија.