Фото: Игор Бансколиев

Фондот за осигурување на депозити информира дека по двонеделен период од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка во стечај со право на обесштетување, исплатата се одвива одлично и без поголеми пречки во однос кон депонентите.

До денес се исплатени вкупно три милијарди денари што претставува близу 72 отсто од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки, преку кои се врши исплата на обесштетување.

– Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу три четвртини од средствата на депонентите на Еуростандард банка во стечај со право на обесштетување, се обесштетени. Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот – соопшти фондот.