Европскиот стабилизациски механизам денеска соопшти дека ја исплатил последната транша од помошта за Грција во висина од 15 милијарди евра.

Во соопштението на Механизмот се посочува дека од вкупната сума, 9,5 милијарди се наменети за создавање на фонд, кој треба да и помогне на Грција за покривање на финансиските потреби за период од речиси две години.

Останатите 5,5 милијарди евра од средставта се предвидини за исплата на доспеаните рати од кредитите на Грција.

Според директорот на Европскиот стабилизациски механизам, Клаус Реглинг, исплатата на последната рата од помошта е доказ дека Грција изминала долг пат за време на тригодишната програма за спас и дека „посветеноста и жртвувањето на грчкиот народ вродиле со плод“.

Исплата на последната транша од помошта за Грција доцни неколку недели, првенствено поради резервите на Германија, која се противеше на трансферот, тврдејќи дека Атина не ги исполнила во целост преземените обврски со програмата за спас.