Индиската компанија Инфосис соопшти дека вовела блокчејн тргување меѓу седум приватни банки, со што, според компанијата, ќе се подобри сигурноста во банкарскиот сектор на Индија.

Револуционерната блокчејн технологија ветува побрзи и посигурни трансакции во низа области.

Инфосис, втората најголема информатичка компанија во Индија, најавува дека ќе развива свои блокчејн решенија за приватниот сектор, а ќе ги нуди своите услуги и во странство. Според блокчејн правилата, секоја стапка во транскацијата безбедно се споделува меѓу сите членови на мрежата, со што се намалува опасноста од грешки и пропусти.

Најавата од Индија доаѓа само неколку дена откако британската ХСБЦ соопшти дека ја извршила првата трговска трансакција користејќи блокчејн врска.