Преку 40 изложувачи од Централна Европа и регионот, и на стотина учесници на конференциите како и голем број на посетители, се сретнаа на првиот саем РЕНЕКСПО во Северна Македонија, што се одржа на трети и четврти декември годинава во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Големо интересирање покажаа државните и маѓународните институции и на свеченото отворање присуствуваа вицепремиерот проф.д-р. Кочо Анѓушев, министерот за економија Решник Бектеши, амбасадорите на Германија, Кина, Словачка, представници на други европски амбасади, канцеларијата на Европската Унија и бројни финансиски институции.

Саемите на РЕНЕКСПО станаа препознатлив бренд на Западен Балкан уште од 2014 година кога за првпат истите се одржаа во Белград и во Сараево. РЕНЕКСПО е регистрирано име на компанијата „РИКО Интернешнл“ – огранок на компанијата „РИКО Гмбх“ која организира саеми и конференции низ Европа од 1997 година. Компанијата „РИКО“ беше пионер во афирмирањето на обновливи извори на енергија, промовирајќи исто така нови можности за управување со отпад и вода и представувајќи нови решенија за енергетска ефикасност.

Благодарение на своето долгогодишно искуство, бројните контакти и стекнатата репутација во Западна Европа, „РИКО Интернешнл“ успеа да го представи Скопје како центар на обновливи извори на енергија во овој дел на Европа.

Меѓународниот карактер на овој саем е изразен и во листата на панелисти и предавачи на конференциите кои доаѓаат од Северна Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Босна, Италија, Германија, Австрија, Грција и Индија и кои ги делат своите искуства и анализи на новите техничко – технолошки решенија и трендови.

Тоа е единствено место каде што можете директно да им пристапите на потенцијалните партнери и да пронајдете информации од прва рака. Со широка мрежа на соработници од регионот и иностранство, секој саем РЕНЕКСПО е предодреден за успех.

Со оглед на тоа дека ова е беше прв саем РЕНЕКСПО во Северна Македонија, бројни странски компании се заинтересираа да ги покажат своите технологии и да воспостават партнерства со локалните претпријатија и институции. Европските аспирации на земјите од регионот дополнително придонесоа за афирмација на обновливите извори на енергија и усогласување на стандардите во секторот за управување со отпад и третманот на вода. Не треба да се заборави дека ЕУ пружа голема поддршка на овие напори, и саемот РЕНЕКСПО е одлична платформа за запознавање со искуствата, предизвиците и потенцијалите од тие области, а воедно и промовирање на тие проекти. Занемареното одржување на објектите, опремата и инфраструктурата во целиот регион на Западен Балкан во последните 30-тина години не мора да биде перцепирано само како хендикеп, туку е често нагласено како потенцијал за економски пораст и вложувања како во овие сектори така и во целата економија на овие земји.

Покрај моментните трендови и движења на пазарот, темите, округлите маси и дискусиите на саемите РЕНЕКСПО се доста релевантни за добар квалитет на живот на самите граѓани на Северна Македонија и директно влијаат на развојот на целиот регион. Во текот на двата саемски денови се одржаа пет конференции: соларни електрани, управување со води, управување со цврст отпад, биомаса и биогас, хидро-енергетика. Исто така одржани се и „Б2Б“ состаноци во соработка со МИР фондацијата од Северна Македонија и „Ентерпрајз Јуроп Нетворк“ каде што заинтересираните страни би можеле директно да организираат состаноци во склоп на саемот користејќи онлајн „Б2Б“ платформа. За оние со конвенционалан пристап на договарање на соработка, тука се секогаш штандовите како и отворениот форум кој завзема централно место на саемот.

За оние кои што го пропуштија саемот во Скопје и кои би сакале од прва рака да искусат ваков вид на саем со конференции, округли маси, тематски дискусии и „В2В“ состаноци, „РИКО Интернешнл“ организира саем со ист концепт и во Белград во мај 2020 година во Белекспо Центар. Тоа ќе биде седми годишен саем во Белград со дополнителни конференции и со значајно поголем број на изложувачи и посетители.

Доколку сте заинтересирани, обезбедете си учество како изложувач, како учесник на конференциите, како говорник на конференциите, панелист или како посетител на следниот линк.