Падот на индустриското производство за време на летниот период во Германија би можело да доведе до рецесија, вели централната банка на земјата.

Според официјални податоци на банката, економијата на земјата бележи пад од 0,1 отсто во периодот помеѓу април и јуни. Прашањето е дали бруто домашниот производ повторно ќе се намали во третиот квартал и со тоа ќе ја доведе најголемата европска економија во рецесија?

– Генералниот перформанс на економијата може да малку да опадне. Главната причина за ова е континуираното намалено производство во индустрискиот сектор – велат од Бундесбанк во својот месечен извештај.

Намалениот извоз, особено во поновите пазари како Кина, како и затишјето додека бизнисмените ја чекаат разврската од Брегзит, играат голема улога во скорешниот перформанс на Германија.

Германија за економски пораст главно се потпира на извозот на автомобили.