Најбогатиот човек на светот Илон Маск соопшти дека размислува да ги напушти сите работни места и да стане инфлуенсер.

– Размислувам да се повлечам од мојата работа и да станам инфлуенсер со полно работно време – напиша Маск на Твитер, без да даде дополнителни објаснувања.

Според „Ројтерс“, не е јасно дали Маск бил сериозен за она што го напишал.

Богатството на извршниот директор на компанијата „Тесла“ се проценува на 279 милијарди долари. Тој исто така е основач и извршен директор на „Спејс екс“ и го води стартапот „Неуралинк“ и „Д боринг компани“, во јануари изјави дека верува дека ќе биде извршен директор на „Тесла“ неколку години.

– Би било убаво да имам малку повеќе слободно време наместо да работиме цел ден и ноќ; седум дена во неделата, од моментот кога ќе се разбудам до спиење. Тоа е прилично интензивно – рече тогаш Маск.

Минатиот месец тој ги праша своите следбеници на „Твитер“ дали треба да продаде 10 проценти од својот удел во „Тесла“, на што повеќето одговорија потврдно. Потоа продаде акции во вредност од речиси 12 милијарди долари.