Основачот и извршен директор на „Спејс Икс“, архитект за продукти во „Тесла“, и коосновач и извршен директор во Неуралинк „Илон Маск“ купи акции од „Тесла“ во вредност од 10 милиони долари.

Канадскиот бизнис магнат, според американските медиуми, планира следната недела да купи дополнителни акции, со вкупна вредност од 10 милиони долари.

Тој, во моментов поседува околу 20 отсто од акциите на компанијата „Тесла’.

Претходно Маск вети дека ќе купи акции за 20 милиони долари откако беше казнет поради твитови за „Тесла“. Маск тогаш најави дека сака да ја купи целата компанија, но набрзо се откажа, па регулаторната комисија тоа го оцени како обид за измама.

Инаку, минатата недела Маск од своето професионално резиме го отстрани податокот дека е извршен директор во „Тесла“.