Израелската компанија „Скајлок“, што се занимава со развој и продажба на анти-дром системи, соопшти дека бележи раст во работењето откако минатата недела беспилотни летала предизвикаа хаос на аеродромот Гетвик кај Лондон.

Од компанијата соопштија дека по инцидентот имаат пораст од 40 отсто во порачките на нивните производи, пренесува АП.

Дел од летовите на аеродромот Гетвик крај Лондон пред неколку дена беа одложени бидејќи во близина на пистата беа забележани дронови. Во врска со овој инцидент беа приведени две лица, кои подоцна беа ослободени.