Исклучително успешната финансиска година во деловниот сегмент за корпоративни клиенти е документирана со поглед на целокупната заработка на Штаермеркише Шпаркасе. Учеството во консолидираниот суфицит беше 65 милиони евра или 36,4%.

-Во 2018 година, Штаермеркише Шпаркасе постигна најдобар резултат во својата речиси 200 годишна историја. По исклучително добрите финансиски години 2016 и 2017, имавме добивка која исто така, беше значително над планот и во 2018 година. Сите деловни сегменти на домашниот пазар дадоа натпросечни резултати. Резултатите на нашите банки во регионот на Западен Балкан, исто така, беа значително над планираните. Извонредните резултати од минатите години и добриот капитал на банката се основа за понатамошна експанзија. Со зголемување на нашите заложби во Северна Македонија преку склучување на документот за намера за купопродажба и стекнување со најмалку 74,53% во Охридска Банка Сосиете Женерал (ОБСЖ) во Скопје, веќе се направени првите чекори во насока на понатамошна експанзија на позицијата на пазарот во земјите на Западен Балкан- истакна Герхард Фабиш, главен извршен директор на Штаермеркише Шпаркасе.

Добивка по оданочување 178 милиони евра

Консолидираниот годишен суфицит во 2018 година изнесува 178 милиони евра. Задоволителните стапки на пораст во клиентската дејност и многу добрата состојба со ризиците во целата групација дадоа значителен придонес во овој резултат. Учеството на сите банки во регионот на Западен Балкан генерираа многу добри резултати. Вкупниот биланс на состојба на Групацијата (консолидиран) се зголеми на 16 милијарди евра. Со вкупен биланс на состојба од 13,7 милијарди евра, Штаермеркише Шпаркасе како матична компанија на Групацијата има доминантно учество во вкупниот биланс на состојба на Групацијата, како и во претходните години. Позитивниот развој на резултатот на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе (консолидиран) со оперативен резултат од 213 милиони евра се базира на пораст на бизнисот со клиенти, кој исто така продолжи и во 2018 година, како и на стабилните трошоци. Стапката на основниот капитал на Групацијата (консолидирана) продолжи да се зголемува и во 2018 година на 18,0%; коефициентот на капиталот изнесуваше 20,2%. Според тоа, Штаермеркише Шпаркасе се наоѓа на многу високо ниво при меѓународна споредба. Акционерскиот капитал на Групацијата изнесуваше 1,6 милијарди евра на крајот на 2018 година и споредено со 2017 година постигнато е понатамошно зголемување.

Извонредно зголемување на бројот на нови клиенти

Во 2018 година, Штаермеркише Шпаркасе Групацијата (консолидирано) како сигурен и стабилен партнер опслужуваше 711.611 клиенти во земјата и во странство. Во 2018 година стекна над 45.000 нови клиенти. На крајот на 2018 година, Штаермеркише Шпаркасе Групацијата (вклучено Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора) опслужуваше околу 2,7 милиони клиенти.

Над 6 милијарди евра за финансирање на корпоративни клиенти – пораст од 7%

Во сегментот на корпоративни клиенти, Штаермеркише Шпаркасе оствари многу успешна 2018 година. Економскиот пресврт пристигна. Со 1,1, милијарди евра финансиски инвестиции, кредитното портфолио за корпоративни клиенти за првпат го надмина прагот од 6 милијарди евра. Ова значи пораст од 7% за 2018 година. Во овој дел, финансиското инвестирање за малите и средни претпријатија во износ од 476 милиони евра беше основен двигател на растот. Новиот обем на финансиско инвестирање за малите и средни претпријатија во 2017 и 2018 година изнесуваше околу 30% над просекот во периодот од 2013 до 2016 година и јасно покажува дека застојот во инвестирањето од последните неколку години е надминат. Во однос на консалтингот, особена важност беше посветена на извозниот консалтинг на нашите корпоративни клиенти и бројот на извозно финансирање се зголеми за 25%. Во овој контекст, извозните компании поднесоа барања за финансирање во износ од 76 милиони евра.

Во дејноста со недвижнини, Штаермеркише Шпаркасе успеа дополнително да ја прошири својата компетентност со обем на финансирање од 575 милиони евра за целите на постојната одржлива побарувачка за инвестиции во станови, модел на удели во градба, изнајмување на домови и имот на корпоративни клиенти.

Штаермеркише Шпаркасе се грижи за 24.500 корпоративни клиенти, т.е. едно од две мали и средни претпријатија е во активен деловен однос со Штаермеркише Шпаркасе. Во 2018 година, банката стекна 1.575 нови клиенти, од кои 40% се основачи на стартапи.

Со дигиталниот финансиски еко систем околу Telebanking Pro, Групацијата Шпаркасе е „прв двигател“ на австрискиот пазар.

Зголемување на бизнисот со клиенти – физички лица

Во финансирањето на физичките лица, Штаермеркише Шпаркасе достигна нов обем од 550 милиони евра, што означува зголемување за 20 милиони евра наспроти минатата година. Вкупниот обем на финансирање на физичките лица од акционерското друштво (АГ) изнесуваше 3,5 милијарди евра; околу 80% од овој износ отпаѓа на финансирање на резиденцијални објекти.

Штедните влогови во Групацијата (консолидирано) се развиваат во многу позитивна насока во 2018 година, со зголемување за 300 милиони евра на околу 6,5 милијарди. Тие се многу популарни и покрај ниската каматна стапка со висока сигурност и брза достапност.

Освен тоа, минатата година беа склучени 26.000 нови договори за штедење. Нашите клиенти имаат готовински штедни влогови од скоро 600 милиони евра. Со над 13.000 нови договори за осигурување и производна вредност од околу 315 милиони евра темите за провизии, несреќи и ризици беа одлично имплементирани. Како и во претходната година, барањата на клиентите беа доста насочени кон обезбедување провизии за пензиите и осигурување од несреќа. Само во овие две области, 12.000 барања на клиенти беа исполнети преку високо квалитетен консалтинг.

И покрај силните варирања на цените на финансискиот и капиталниот пазар, бизнисот со хартии од вредност се одвиваше одлично во 2018 година. Резултатите во делот на провизиите од околу 27 милиони евра, како и бројот на сметките на клиентите за тргување со хартии од вредност се одржаа на високо ниво. Тоа значи дека довербата на нашите клиенти се потврди и во делот на консултантските услуги на Штаермеркише Шпаркасе.

Со над 13.000 продадени кредитни картички, беше одржан добриот резултат од претходната година. Едно од три плаќања веќе се извршени со бесконтактни картички. Со 250.000 корисници на „George“, уште еднаш покажуваме дека имаме јасно поставен правец кон иновативно лидерство со „George“.

Продолжување на солидна состојба на ризици во Групацијата

Исто така, во финансиската 2018 година беа резервирани трошоци за ризици во износ од околу 9 милиони евра, со што Штаермеркише Шпаркасе имаше многу добра позиција во однос на своите конкуренти. Стапката на NPE (non-performing exposure) нефункционални изложености (процент на нефункционална изложеност во севкупната кредитна изложеност) сега е намалена на 2,2% од портфолиото. Резервациите за ризици и постојните обезбедувања покриваат повеќе од 112% од обемот на лоши кредити. Овие резултати уште еднаш ја потврдуваат ефикасноста на системот за управување со ризици во Штаермеркише Шпаркасе Групацијата (консолидирано).

Како и во претходната година, капацитетот за справување со ризици на Групацијата (консолидирано) беше повеќе од ефикасен и во 2018 година.

Југоисточна Европа: финансискиот резултат од странство со 39,2% придонес во добивката

Во изминатата финансиска година, нашите странски учесници продолжија со својот успешен развој и придонесоа кон консолидираниот суфицит со 39,2% придонес во добивката. Во сите земји на ЈИЕ, порастот на кредити изнесуваше околу 11,2%. Со порастот на депозитите од околу 12,4% беше финансиран порастот на кредити и рефинансирањето од матичната групација се намали. Добивката на странските подружници во проширениот домашен пазар беше доста над планот заради позитивниот развој во сегментот на ризиците.

Ерсте и Штаермеркише Банка во Хрватска генерираше екстремно задоволителен подгрупациски резултат од 135,8 милиони евра, најдобар резултат во историјата на банката до тогаш; ова беше резултат особено на резервите за ризици кои беа пониски споредено со претходната година. Заемите на клиентите се зголемија за 9,3% и депозитите за 11,3%, последователно. ROE (Return on Equity – Поврат на капиталот) изнесуваше 11,7% со CIR (Cost-Income Ratio – Коефициент трошоци/приходи) од 49,9%.

Шпаркасе Банка Босна и Херцеговина генерираше добивка по оданочување од 9,9 милиони евра. ROE изнесуваше 10,4% со CIR од 60,4%. Развојот на бизнисот со клиенти беше многу задоволителен. Порастот на кредитите изнесуваше 8,9% и порастот на депозитите изнесуваше 11,8%.

Ерсте Банкa во Србија генерираше годишен суфицит од нешто над 25,1 милиони евра, што повторно соодветствува со нов историски пораст. Порастот на кредитите беше со импресивни 33,5% и депозитите на клиентите, исто така, постигнаа рекордно зголемување од 21,3%.

Со 9,2 милиони евра, Ерсте Банка Црна Гора генерираше најдобар резултат во историјата на банката и покрај најсилната конкуренција до тогаш. ROE изнесуваше 12,8% со CIR од 60,4%. Порастот на кредитите изнесуваше околу 7% споредено со претходната година.

Во целата финансиска година, Шпаркасе Банка во Северна Македонија ги зголеми заемите на клиентите за задоволителни 21,1% во однос на претходната година, додека депозитите на клиентите се зголемија за 19,9%. Банката генерираше добивка од 2,5 милиони евра, што е значително над планираното.

Во Северна Македонија, заложбата на Штаермеркише Шпаркасе понатаму се зголемува со склучување на документот со намера за купопродажба и преземање на Охридска Банка Сосиете Женерал (ОБСЖ) во Скопје, предмет на одобрување од регулаторните органи. Со преземањето на ОБСЖ, Штаермеркише Шпаркасе ќе има вкупни средства од околу 1 милијарда евра во Северна Македонија со што ќе биде четвртата најголема банкарска групација во земјата со учество на пазарот од околу 12 до 14%, во зависност од сегментот.

Како и во претходната година, Банка Шпаркасе во Словенија повторно генерираше многу добар резултат со 8,5 милиони евра. Заемите на клиентите се зголемија за 0,7%, додека депозитите на клиентите се зголемија за 9,2%.

Групацијата S-Leasing во југоисточна Европа финансира подвижни средства и моторни возила и тековно управува со вкупна обврска од околу 584 милиони евра. Генерираната добивка по оданочување изнесуваше 10,3 милиони евра. Резултатите од стратешкото учество во широкиот домашен пазар потврдуваат стабилна и долгорочна бизнис стратегија на Штаермеркише Шпаркасе.

Вработени и локации

До крајот на 2018 година, Групацијата Штаермеркише Шпаркасе имаше 2.785 вработени (консолидирано) на 231 локации во Штаерска и во југоисточна Европа. Бројот на вработени во Групацијата Штаермеркише Шпаркасе (вклучено Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора) изнесуваше 8.291 на 490 локации.

Австриски пазар во 2019 година и преглед за 2019 година

Домашната економија повторно силно порасна во 2018 година, по добриот развој во претходната година. Австрискиот БДП се зголеми за 3,0% во 2017 година споредено со претходната година. Домашниот пазар на труд, исто така, имаше бенефиции од силната економија. Стапката на невработеност во Австрија падна од 5,5% на годишен просек во 2017 година на 4,9% и остана значително под споредбените бројки на Европската унија, каде изнесува 7,3%.

ЕЦБ последен пат ги намали основните каматни стапки во првиот квартал од 2016 година на 0% и, од тогаш се наоѓаат на исто ниво. Релаксираната политика на основните каматни стапки, исто така, продолжи и во 2018 година, иако инфлацијата во Австрија веќе достигна високо ниво од 2,2% споредено со 2,0% во претходната година. Според тековните предвидувања од два австриски институти за истражување ВИФО и ИХС, австриската економија треба да се олабави на зголемен БДП за 1,7% на 2,0%, врз основа на високото ниво во 2018 година.