Фото:

Државата ја емитуваше деветнаесетта емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 11,5 милиони евра, со која ќе се обесштетат сите со правосилни решенија за денационализација од 1.1.2019 година до 31.12.2019 година, каде надоместот е утврдено да се врши преку обврзници, соопшти Министерството за финансии.

Средствата кои се доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десет годишни рати со годишна камата од 2 отсто. Македонија може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното пристигнување според условите, начинот и постапката кои ги утврдува Владата.

Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки на Македонската берза.

Пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.