Известување за клиентите за работното време на експозитурите и прекини во дигиталните производи на Банката планирани за претстојниот викенд од 16 до 19 јули, како резултат на финални технички подготовки и надградби неопходни за присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Прекините се планирани како што следи:
1. Експозитури
– На ден 16.7.2021 година (петок), експозитурите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија ќе работат со скратено работно време, од 8 до 12 часот.
– 17.7.2021 година (сабота) ќе биде неработен ден за експозитурите на Охридска
банка и Шпаркасе Банка Македонија.
– На ден 19.7.2021 година (понеделник), експозитурите на интегрираната Шпаркасе
Банка Македонија регуларно ќе започнат со работа од 8 до 16 часот.
– Прва работна сабота на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија ќе биде на
31.7.2021 година

2. Картички, ПОС терминали, АТМ-и
– Ќе функционираат непречено, во наведениот период; Краткотраен прекин не подолг
од еден (1) час се очекува само во работењето со картичките на ден 17.7.2021
(сабота), рано наутро, по полноќ од 2-3 часот.

3. Дигитални канали (Електронско банкарство, Мобилно банкарство, СМС известување)
– На 16.7.2021 година (петок) во рамките на електронското и мобилното банкарство од 14 – 17 часот ќе биде достапен преглед на состојба на сметките, додека
услугите на промет во земјата и странство ќе бидат во прекин.
– Целосен прекин кај овие апликации се очекува во период од 16.7.2021 година
(петок), 17 часот и во текот на викендот, заклучно со 18.7.2021 година (недела).
– Банката ќе даде дополнително известување кога повторно ќе бидат ставени сите
апликации во функција.

Целниот датум на регистрација на присоединувањето во Централниот регистар е планиран за 16 јули 2021 година, а првиот работен ден како интегрирана банка е планиран за 19 јули 2021 година. Сепак, двата датуми се во голема мера зависни од одобрување од надлежните органи и институции и Банката не нуди никаква правна, материјална или кој било друг вид гаранција дека планираниот датум останува како датум на регистрација на присоединувањето и последователно датум на првиот работен ден на интегрираната банка. Банката дополнително и навремено ќе извести доколку се појави промена на наведениот целен датум на присоединување.

Сите подетални информации за можни прекини погледнете ги на следниот линк.