Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Турција каде што ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит што ќе се одржи во Истанбул.

Предвидено е претседателот Иванов да има обраќање на свеченото отворање, како и на претседателската сесија на самитот којшто годинава се одржува на тема „Дилемата на нашиот век: Технологија наспроти политика“.

Организатор на Евроазискиот економски форум е фондацијата Мармара – група за политички, економски и општествени истражувања чијашто цел е унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток.

Во време на престојот во Турција, претседателот Иванов ќе присуствува и ќе се обрати и на средбата со претставници на Стопанската комора на Македонија и турски бизнисмени. На средбата ќе се обрати и претседателот на Сојузот на стопански комори и берзи на Турција, Рифат Хисарџиклиоглу.