САД се земја со најголеми златни резерви, покажуваат најновите податоци на Меѓународниот монетарен фонд. Златните резерви на САД се повеќе од двојно поголеми од оние на второпласираната Германија и речиси четири пати поголеми од резервите на треторангираната Италија. Најголемиот производител на злато во светот, Кина, се најде на шестото место, со златни резерви од речиси 2.000 метрички тони. Во 2018 година, земјата ископа приближно 400 метрички тони злато, или речиси 100 тони повеќе од Австралија, втор најголем производител на злато во светот.

Со неизвесноста на берзите предизвикана од политичките и економските турбуленции и континуирано ниските каматни стапки, златото повторно го привлекува интересот на многу инвеститори. Бидејќи глобалните цени на златото останаа релативно стабилни во изминатите неколку години, тоа претставува интересна опција за алтернативни инвестиции.