Инвестиции во вредност од осум милијарди и 175 милиони евра предвиде Владата со Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027.

Премиерот, Зоран Заев, кажа дека планот содржи јавни и приватни инвестиции кои се во согласност со сегашните и идните стратегии за економски раст на земјата. Од овие средства 5 милијарди и 791 милиони евра се јавни инвестиции додека 2 милијарди и 384 милиони евра се планирани приватни инвестиции.

Реализацијата на инвестиции е во согласност со деловните планови на инвеститорите односно буџетската рамка на Владата на Република Македонија.

– Во однос на распределбата на инвестициите по сектори, планирани се: 3,144 милијарди ЕУР во секторот енергетика; 2,729 милијарди ЕУР во секторот патна и железничка инфраструктура; 798 милиони евра во преработувачката индустрија; 300 милиони ЕУР во инвестиции за малопродажба; 500 милиони евра инвестиции во јавното здравство; 504 милиони евра во комунална инфраструктура – животна средина (прочистителни станици, селектирање на отпад и сл.); 200 милиони евра во туризмот – појасни Заев.

Тој кажа дека преку јасна стратегија и амбициозен план за инвестиции може да се постигне целта за забрзување на економскиот раст и подобар животен стандард за сите граѓани.