Премиерот Зоран Заев најави нов инвестициски циклус од пет милијарди евра, соопштувајќи ги показателите содржани во најновата ревизија на Светската трговска организација (СТО) од 15-ти јули годинава, на денешната прес-конференција Владата.

– Направивме се за да ја оттргнеме економијата од политиката. Ревизијата на СТО е уште еден доказ дека економските политики на Владата даваат резултат, а оваа, 2019-та година, навистина ќе биде година на економијата. Создадовме реална и силна економија – истакна Заев.

Во ревизијата на СТО се наведуваат зголемен БДП за над 40 отсто, позитивниот раст
на платите, намалената невработеност, вратената доверба кај инвеститорите, како и зголемените вложувања. 

Премиерот нагласи и дека има зголемување на инвестициите, со што земјава направила скок од 25 места според глобалниот инвестициски индекс, а извозот, исто така, бележи драстичен раст.

Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, се осврна на актуелните
владини мерки како што се, борбата против сивата економија и МојДДВ.