Денеска е последниот ден од „Викенд без ДДВ“, искористете го за купување македонски производи или услуги, како и за компјутерска опрема, порача премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

– Со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ, во рок од 3 дена од издавањето на фискалната сметка, ќе ви биде вратен целосниот износ на пресметаниот ДДВ од македонски производи и услуги и од компјутерска опрема. Да ја поддржиме домашната економија, да купуваме домашни производи – додаде премиерот.

Денеска е последниот ден од „Викенд без ДДВ“, искористете го за купување македонски производи или услуги, како и за…

Posted by Zoran Zaev on Понеделник, 12 октомври 2020