„Еуроимпекс“, генерален увозник за Брендот „Пежо“ во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија ги повикува возачите да „Направат пауза и да се погрижат за своето возило“.

За правилно функционирање на Вашето возило, во однос на безбедноста, одржување на перформансите и удобноста, од клучно значење е да го следите програмот за сервисирање, со цел безбедно и безгрижно управување со истото.

Дисковите и плочките се основниот безбедносен елемент на возилото кои се едни од потрошните делови, па токму поради тоа од „Еуроимпекс“ советуваат да се консултирате со овластените „Пежо“ сервисни точки и да се врши редовна проверка и замена на течноста за сопирачките во одреден временски период препорачан од Производителот.

Ова е одлична можност за сите „Пежо“ сопственици, да го оджуваат системот за сопирање со промотивна цена на деловите и работната рака. Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на „Пежо“ во Македонија и истата е со времетраење до 16.4.2020 година.

Придобивка за клиентите се секако 2-те сервисни локации во Скопје на Импортерот „Еуроимпекс“ и уште 5-те сервисни локации распространети во нашата земја.

„Еуроимпекс“ им стои на располагање на своите клиенти за сите консултации и совети. Повеќе на www.peugeot.mk