„Направи пауза и погрижи се за своето возило“ е новата повикувачка акција од страна на Еуроимпекс, генерален увозник за Брендот Peugeot.

Спроведувајте редовни сервиси и проверки на вашето возило, со цел навремена замена на деловите за да можете целосно да уживате во возењето.

Доколку забележите дека вашето возило создава звук на шкрипење од делот на сопирачките, тресење или пак подолготрајно запирање, време е да направите пауза и да се погрижите за вашето возило.

Еуроимпекс нуди одлична можност за сите клиенти, нудејќи промотивна цена на сите делови вклучени во системот за сопирање и на работната рака.

Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија и истата е со времетраење до 31.10.2019 година.

Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија им стои на располагање на своите клиенти за сите консултации и совети како и поправки на своите возила.