АД ЕСМ попладнево соопшти дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за знабдување на домаќинствата и малите потрошувачи. Од ЕСМ велат дека ова е затоа што одлуката на Владата во однос на препорачаната цена и количините на струја била за шест месеци, а тендерот на ЕВН Хоум е за 12-месечен период.

– Одлуката од Владата на Република Северна Македонија во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоум за 2022 се однесува на 6-месечен период, додека актуелниот тендер на ЕВН Хоум е распишан за 12-месечен период. Од тие причини, АД ЕСМ денеска не поднесе понуда – стои во соопштението од ЕСМ.

Од таму посочуваат дека ќе се јават на следниот тендер на универзалниот снабдувач кој треба да биде за периодот јануари-јуни 2022 година.

Вчера, министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека цената на струјата во следните шест месеци од 2022 нема да се зголеми повеќе од 10 проценти.