Членовите на Европскиот парламент(ЕП) усвоиле резолуција со која се осудува изградбата на гасоводот „Северен тек 2“.

Резолуцијата била донесена бидејќи, како што е соопштено од ЕП, станува збор за политички проект што претставува закана по европската безбедност и по напорите на ЕУ да овозможи снабдување со енергија од повеќе извори.

– ЕП бара проектот да биде откажан – се наведува во резолуцијата.

Претседателот на Државната Дума на Русија Вјачеслав Володину вели дека резолуцијата на ЕП е донесена под притисок на САД, кои исто така усвоиле резолуција против изградбата на 11 милијарди долари вредниот гасовод „Северен тек 2“.