АД Еелектрани на Република Македонија информира дека на шести јуни преку јавна аукција продала 4.800 мегават-часови вишоци електрична енергија, за вкупна сума од 198.792 евра. Продадената електричната енергија е за периодот од 11 до 14 јуни. Како што се наведува, просечната цена која е постигната на аукцијата изнесува 41,42 евра на мегават-час.

На Унгарската берза на електрична енергија, цената за тој период изнесува 38,66 евра на мегават-час.

Исто така, за месец јули продадени се и 11.160 мегават-часови вишоци електрична енергија за вкупна сума од 561.794 евра.

Просечната цена која беше постигната на аукцијата за периодот од први до 31-ви јули изнесува 50,34 евра на мегават-час. На десети јуни АД ЕСМ продаде 52.992 мегават-часови за третиот кавртал (јули, август и септември) во вкупна вредност од 2.842.314 евра. Постигнатата просечната цена инесува 53.63 евра на мегават-час. На Унгарската берза на електрична енергија цената за Ку-3 изнесува 53.52 евра на мегават-час.

На 12-ти јуни АД ЕСМ спроведе аукција за периодот од 17-ти до 28-ми јуни. На оваа аукција се продадени 12.000 мегават-часови, во вкупна вредност од 583.920 евра. Просечната цена која беше постигната е 48.66 евра на мегават-час.

Со тоа, вкупната вредност на продажбите извршени во првата половина на јуни изнесува 4.186.820 евра.

Во 2019 година преку 17 јавни аукции продадени се вкупно 174.552 мегават-часови вишоци eлектрична енергија, со вкупна вредност од 8.495.618 евра.