Кога Фејсбук го купи Инстаграм за 1 милијарда американски долари, во јавноста се сметаше дека тие платите огромна сума пари за оваа компанија. Пет години подоцна, луѓето во светот се навикнаа да читаат за тоа како големите светски компании купуваат и продаваат компании за стотици милијарди долари, објави „Бизнис инсајдер“. На пример, апликацијата за комуникација „Ватс ап“ беше купена за 19 милијарди, а компанијата „Убер“ се вреднува на дури 72 милијарди долари.

Сепак, да се започне компанија од нула која ќе вреди милијарди на пазарот сè уште е многу тешко и според повеќе анализи, шансите некоја компанија да се вреднува на повеќе од една милијарда долари е помала од 1 отсто. Компаниите кои вредат една или повеќе милијади во САД и во светот се нарекуваат „еднорог“ компании, а во 2018 година, со таков статус во САД се здобиле дури 47 технолошки компании, според податоците на „Питч бук“.

Голем дел од претходно споменатите 47 „еднорог“ компании кои во 2018 година се здобиле со ова престижно име, се формирани и постојат повеќе години. Интересно е да се спомене дека ниту една од нив не била формирана во 2018 година.

Од оваа долга листа, вреди да се издвои компанијата „Зип Рекрутер“ која нуди листи за работни места и функционира како платформа за регрутација на работници која достигна вредност 1,5 милиради долари оваа година, платформата за комуникација „Дискорд“ која е формирана во 2012 година, а сега вреди 1,65 милијарди долари, компанијата „Бирд“ за електрични скутери формирана во 2017 година на која моменталната вредност и е 2 милијарди долари и студиото „Епик Гејмс“ кое ја направи играта „Фортнајт“ и ја искачи својата вредност на дури 15 милијарди долари. На врвот на листата од 47-те „еднорог“ компании за 2018 година во САД се наоѓа „Јуул Лабс“ која се формираше во 2017 година, а на пазарот нуди електронски цигари и сега има вредност од неверојатни 38 милијарди долари.