Европската комисија(ЕК) денеска одлучи да не го казнува рускиот гигант „Газпром“, кој беше под истрага за злоупотреби на пазарите во Источна и Централна Европа.

Европската комесарка за конкуренција Маргрет Вестагер изјави дека е постигнат договор со „Газпром“, кој треба да ја натера руската компанија да ги почитува правилата за конкурентност на Европската Унија.

ЕК од 2011 ги разгледува сомнежите за злоупотреба на доминантната позиција од страна на „Газпром“ во осум земји членки на ЕУ од Источна Европа – Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Унгарија и Чешка.