Неодамнешната економска анализа на „Нова Македонија“, „Зошто ја заборавивме македонската економија?“, која ја објавивме во неколку продолженија, ги посочи најголемите проблеми со кои се соочуваат неколку клучни сектори во економијата во последниве десетина години, како да се надминат тие, кои се ограничувачките фактори и мерките за справување со нив. И токму оваа анализа предизвика голем интерес од страна на нашите читатели, економски аналитичари, менаџери, дипломати.

До редакцијата на весникот пристигнаа и сѐ уште пристигнуваат многу конструктивни сугестии и реакции како да се развива економијата и дека на Македонија ѝ треба економска стратегија за нова структура на стопанството. Наедно, читателите, секој на свој начин, се обидуваат да укажат и на проблемите поради кои македонската економија се соочува со постојани тешкотии, кои го лимитираат темпото на развојот на стопанството. Тие ги поздравуваат мерките за справување со проблемите наведени во нашите анализи и целосно се согласни со заклучокот на „Нова Македонија“ и со охрабрувачки чекори извлекуваат поента и даваат свои видувања за економскиот пораст во Македонија.

Во таа насока е и текстот од дипломатот Коста Стоименовски, кој го објавуваме во денешниот број, во согласност со просторот и адаптиран во новинарска форма.
Секако, и во иднина весникот е отворен за соработка, мислења и согледување од читателите и стручната јавност.