Европските нафтени компании не ја исклучуваат можноста за намалување на увозот на нафта од Иран по американската закана со нови санкции, при што некои од нив напоменуваат дека главна пречка во тргувањето би можело да биде банкарското финансирање.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави во вторник дека САД се повлекуваат од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, најавувајќи нови американски санкции за Техеран.

Европските компании наведуваат дека денеска купувале иранска нафта. Иран произведува околу четири отсто од светската нафта и извезува во Европа околу 450 илјади барела дневно.