Министерот за финансии Драган Тевдовски и македонската делегација денеска во Брисел имаа работен состанок со еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московичи.

На средбата, информираат од Министерството за финасии, еврокомесарот Московичи ги поздрави реформите во насока на зголемување на фискалната транспарентност.

– Тевдовски ја потенцираше посветеноста на реализација на стратегијата за управување со јавните финансии. Стратегијата која за беше презентирана во септември е прва сеопфатна рамка донесена од Владата за управување со јавните финансии во државата. Европската унија ги поздрави и поддржа мерките во стратегијата и е партнер на Македонија во нејзиното спроведување, соопшти Министерството за финасии.

Дискутирани беа, се додава во соопштението сите реформи предвидени во стратегијата. Еден од клучните столбови за управување со јавните финансии е системот на јавни набавки. Јавната дискусија со сите засегнати страни и синхронизацијата со европските стандарди ќе го гарантираат квалитетот на новиот закон за јавни набавки.

Ова е прва средба на македонски министер за финансии со еврокомесар за економски и финансиски прашања.