Највисоките стапки на јавен долг од БДП на крајот на првиот квартал од 2019 година биле регистрирани во Грција (181,9 процент), потоа Италија (134 проценти), Португалија (123 проценти), Белгија (105,1 проценти) и Кипар (105 проценти). Во Македонија се забележува тренд на намалување и на државниот и на јавниот долг

На крајот на првиот квартал од 2019 година јавниот долг достигнал 85,9 отсто од бруто-домашниот производ (БДП) кај 19-те земји-членки на еврозоната. Истиот тој се зголемил во споредба со четвртиот квартал од 2018 година, кога долгот изнесувал 85,1 од БДП. Од друга страна, во ЕУ-28, долгот се зголеми од 80 на 80,7 отсто. Сепак, во споредба со првиот квартал од 2018 година, јавниот долг е помал и во двете групи. Во еврозоната од 87,1 отсто од БДП е симнат на 85,9 проценти. Додека, пак, во ЕУ-28 долгот од 81,6 се намалил на 80,7 отсто од БДП.

На крајот на првиот квартал од 2019 година, долгот од хартиите од вредност на 19-те земји-членки на еврозоната изнесуваа 81,1 отсто, додека, пак, во долгот на ЕУ-28 е 81,9 процент. Заемите сочинуваа 15,8 отсто и 13,9 проценти од долгот на ЕУ 19 и ЕУ-28. Додека, пак, девизите и депозитите опфаќаа 3,1 и 4,2 отсто од јавниот долг во еврозоната и во ЕУ-28. Поради вклучување на владите на земјите-членки на ЕУ во финансиска помош на одредени земји-членки, беа објавени и квартални податоци за меѓувладините заеми (ИГЛ). Уделот на ИГЛ во БДП на крајот на првиот квартал од 2019 година изнесува 2 во еврозоната и до 1,5 отсто во ЕУ-28.

Највисоките стапки на јавен долг од БДП на крајот на првиот квартал од 2019 година биле регистрирани во Грција (181,9 процент), потоа Италија (134 проценти), Португалија (123 проценти), Белгија (105,1 проценти) и Кипар (105 проценти). Додека, пак, најниската задолженост е забележана во Естонија (8,1 проценти), Бугарија (21,2 процент) и во Луксембург (21,3 процент).

Во споредба со четвртиот квартал од 2018 година, дванаесет земји-членки забележаа зголемување на нивниот долг на крајот на првиот квартал од 2019 година, додека 13 земји регистрираа намалување. Задолжувањето останало исто само во Германија, Литванија и Словачка. Најголем пораст на долгот имало во Белгија, Кипар, Ирска и во Италија. Додека, пак, најголемо намалување во Шведска, Словенија, Холандија, Обединетото Кралство и во Бугарија. Споредено, пак, со првиот квартал од 2018 година, пет земји-членки имаат пораст на нивниот долг во однос на БДП на крајот на првиот квартал од 2019 година, додека пак 21 земја има намалување, а Шпанија и Обединетото Кралство немаат промена. Притоа, најголемо зголемување има во Кипар, Грција, Летонија, Италија и во Франција, додека најголемо намалување е забележано во Словенија, Австрија и во Холандија.

Во Македонија состојбата со задолжувањата на државата ја објавува Министерството за финансии на секои три месеци. За првото тримесечје, како што објави Министерството, државниот долг изнесуваше 38,3 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 46,2 проценти од БДП.
Споредено со крајот од 2018 година, во првиот квартал од 2019 година државниот долг е понизок за 2,2 процентни поени, додека јавниот долг е понизок за 2,3 процентни поени. П.О