На денешната последна седница на советот на Општина Кичево донесен е буџетот на Општината за 2019 година кој изнесува 820.384,634 денари или 13.340,000 евра.

Според структурата на приходи, најголема ставка се приходите од блок дотации во износ од 397.423,569 денари, потоа приходи од трансфери во износ од 174.632.000 денари, даночни приходи од 156.708, неданочни приходи во износ од 26.628,132 денари, капитални приходи од 18.200.000 и приходи од донации во износ од 46,792,933 денари. Планиран е буџетски дефицит од 5,5 милиони денари, кој всушност е отплата на главница од претходни задолжувања на општината.

Со средства од буџетот за 2019 година, планирана е и целосна реконструкција на Китиното Кале, за што ќе бидат потрошени околу 42 милиони денари или 700.000 евра.

З.А.