Пред седиштето на Шпаркасе банка вчера беше доделена главната награда од наградната игра „Хепи Виза Викенд“ – автомобилот „киа спортиџ“. Во текот на наградната игра, која започна од 6 август и траеше сè до 24 септември, беа доделени вкупно 70 ваучери за викенд патување за двајца во земјата, а како главна награда беше доделен автомобилот, кој му припадна на Виктор Неделкоски од Тетово.

Право на учество имаа сите полнолетни физички лица – корисници на дебитните и кредитните картички виза издадени од Шпаркасе банка, кои за времетраењето на
наградната игра направија трансакција во износ поголем или еднаков на 500 денари.

Во наградната игра беа вклучени сите трансакции направени од корисникот на
картичката и/или од корисниците на дополнителните картички, на продажните места и
е-комерс трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и надвор од неа.

Шпаркасе банка им честита на сите добитници и им посакува да уживаат во наградите и секако да останат верни корисници на услугите на банката.